
јули 15, 2026
Недела на хигиенизација
Во рамки на одбележувањето на Недела на хигиенизација, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје реализираше 2 едукативни предавања на тема „Промоција на хигиена“, во ООУ„Гоце Делчев“- Илинден.
Со едукативните предавања беа опфатени 86 деца од I одделение.
Целта на едукативните предавања е да се промовира личната хигиена и грижата за нашето здравје.
Голема благодарност до училиштето за нивната соработка.


