октомври 5, 2026

Недела на млади

Мојата волонтерска приказна започна во 2015 година, кога станав волонтер во Црвениот крст. Најголемиот дел од времето го посветив на првата помош, најпрво како такмичар, а подоцна и како врснички едукатор. Токму таму започна мојот интерес за првата помош, спасувањето и работата со луѓе.
За мене најзначајно е искуството со првата помош. Како такмичар научив како да реагирам во различни ситуации и да функционирам како дел од тим, а како врснички едукатор научив како своето знаење да го пренесам на други млади.
Мојот пример покажува дека волонтерството може да прерасне во нешто многу поголемо. Од моето вклучување во Црвениот крст и првата помош, со текот на годините стигнав до тоа да бидам еден од основачите и секретар на Македонското здружение на спасители во скијалишта – МЗСС. Мислам дека токму таквиот развој треба да им се овозможи и на другите млади. – Матеј Трајчевски, панелист на младинскиот форум

Ден:08.10.2026г.
Време: 11:00 часот
Локација: Амфитеатар – Факултет за безбедност – Скопје ( Идризово)

Ве очекуваме!

< врати се назад