
Недела на млади
За мене, Црвениот крст не е само организација во која волонтирав – тоа е место каде што ги научив вредностите според кои и денес живеам и работам.
Хуманоста ме научи дека зад секоја потреба стои човек.
Непристрасноста – да не судам, туку прво да разберам.
Неутралноста – да бидам поддршка, дури и кога мислењата се различни.
Независноста – да размислувам самостојно, да преземам одговорност и да имам храброст да иницирам.
Доброволната служба ме научи дека највредното нешто што можеме да го дадеме понекогаш е нашето време, внимание и присуство.
Единството – дека никој не треба да остане сам кога му е потребна поддршка.
А универзалноста ме научи дека помошта нема граници и дека секој од нас може да биде оној што помага, но и оној на кого му е потребна помош.
Како волонтер, овие принципи ми беа насока. Денес, како професионалец во областа на социјалната работа и социјалната заштита, тие се дел од начинот на кој гледам на секој човек и од вредностите со кои пристапувам кон луѓето со кои работам. – Андријана Гелевска, панелист на младинскиот форум
Ден:08.10.2026г.
Време: 11:00 часот
Локација: Амфитеатар – Факултет за безбедност – Скопје ( Идризово)
Ве очекуваме!
