септември 25, 2026

Недела на Промоција на хумани вредности

На ден 24.09.2026година во рамките на одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје организираше свечен настан под мотото „30 години ПХВ на локално ниво“.

Настанот се одржа во Културниот дом „11 Октомври“-н. Ченто на кој присуствуваа претставници од основните училишта на територија на ООЦК Гази Баба.

За време на настанот беа доделени благодарници на учесниците во ЦКА-ПХВ циклусот за 2026година.

Им благодариме на сите волонтери, дисеминатори, учесници, ментори, партнери, поддржувачи и пријатели кои низ годините биле дел од ПХВ приказната.

А најголемото благодарам оди до младите, затоа што токму тие се доказ дека иднината може да биде похумана, посолидарна и подобра.

Ви посакуваме уште многу успешни проекти, уште повеќе насмевки и уште повеќе причини да бидеме горди на она што заедно го создаваме.

TAMARA
TAMARA
TAMARA
TAMARA
< врати се назад