септември 21, 2026

Недела на Промоција на хумани вредности, 21 – 24 септември

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Република Северна Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), веќе 30 години се спроведува во Република Северна Македонија, преку која младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Како дел од самата програма се одбележува и Неделата на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември. Ова година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата се организираат настани под мотото “30 години – ПХВ локално„, преку кои се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, културата на ненасилство и мир.

< врати се назад