октомври 22, 2026

Отворање на нови канцелариски простории

По повод отворањето на новите канцелариски простории на ООЦК Гази Баба, беше организиран свечен настан на 19.10.2026година во Културниот дом „11 Октомври“ на кој беа доделени благодарници за признание и благодарност на оние кои со својата поддршка, соработка и посветеност придонеле кон реализацијата на овој значаен проект.

Генералниот секретар на Црвен крст  на Република Македонија Г-дин. Д-р Саит Саити во име на Националното друштво по поднесената иницијатива од Општинската организација на Црвен крст да му додели плакета на Градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин.Бобан Стефковски како благодарност за поддршката во развојот на Општинската организација.

Благодарница за Советот на општина Гази Баба, кои исто така со донесувањето на одлуките придонесуваат за успешно реализирање на активностите на Црвениот крст, а со тоа ја препознаваат потребата за соработка со Црвениот крст.

Беа доделени благодарници и на ИТЕК Системи, Г-ѓа. Наста Дракулевска, Нормак Арбак Арсова ДОО Архитект Г-ѓа. Маја Мицевска и  Дизајн мебел Петрески.

Ви благодариме на сите кои со својата работа и поддршка придонесувате хуманоста да биде вредност која се живее секој ден.   

< врати се назад