октомври 21, 2026

Отворање на реконструирани канцеларии на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје!

На 19 октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје, свечено ги отвори своите ново реконструирани простории, место кое ќе биде центар на хуманоста, солидарноста, заедништвото и волонтерскиот дух.

Новите простории, сместени во Културниот дом „11 Октомври“, се целосно реновирани со поддршка и средства од Градоначалникот на Општина Гази Баба, Г-дин м-р Бобан Стефковски, Општина Гази Баба и Советот на Општина Гази Баба, со што уште еднаш се потврдува значењето на соработката меѓу локалната самоуправа и Црвениот крст, со заедничка цел, да се создадат подобри услови за работа и уште подобра поддршка за граѓаните.

Црвениот крст е организација која својата сила ја темели на луѓето на оние кои помагаат, кои волонтираат, кои препознаваат потреба и не остануваат неми набљудувачи. Затоа, новите простории нека бидат место каде што ќе продолжат да се раѓаат иницијативи, да се реализираат хуманитарни активности, да се поддржуваат најранливите групи и да се поттикнуваат младите да бидат активни и одговорни членови на нашето општество.

Искрена благодарност до сите кои ни ја даваат својата поддршка, кои веруваат во нашата мисија и кои се дел од нашето заедничко патување. Вашата поддршка е нашата мотивација да продолжиме уште посилно, посветено и со срце.

< врати се назад