август 19, 2026

Полн ранец среќа

Волонтерите од Клубот на млади и оваа година организираат собирна акција под мотото “Полн ранец среќа” преку која целта е да се собере училишен прибор кој ќе биде наменет за деца од социјално загрозени семејства.

Собирната акција ќе се одвива во Книжарница Тримакс – н.Маџари од 24-27 август од 16:00 – 19:00 часот

Секој кој сака да помогне може да донира некој од следните училишни материјали: тетратки, моливи, пенкала, гума за бришење, боички, фломастери, ранци и друг училишен прибор.

Ви благодариме на поддршката на хуманото работење.

< врати се назад