
ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА
За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да се намалат здравствените ризици.
Хидрирајте ги Вашите деца:
Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
Почесто доете го Вашето бебе.
Освежувајте ги Вашите деца често:
Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.
Заштитете ги Вашите деца од топлина:
Облечете ги во лесна облека.
Покријте ја главата со широка шапка.
Никогаш не ги оставајте сами во слабо вентилирана просторија.
Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил изложен на директно сонце.
Ограничете ја нивната изложеност на топлина:
Ограничете ги нивните активности на отворено, како што се спортските натпревари и други физички активности во најтоплиот дел од денот.
Планирајте активности на отворено пред 11 часот и после 17 часот. Кога топлината е помалку интензивна и Ув зрачење е помало.
