јули 17, 2026

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Акутните ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем се превентабилни, односно можеме да ги спречиме.

Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час. Ако некој член на Вaшето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте итна медицинска помош!

Додека се чека итната медицинска помош префлете го лицето на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;

Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Други можни ризици по здравјето при високи температури се:

Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!

Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) со безбедна вода за пиење.

Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4°C, а пред употребата да се загрее на +100°C.

Избегнувајте прехрамбени производи кои термички не се обработени и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.

The current image has no alternative text. The file name is: Toplotni-Branovi-2026-Preporaki.jpg
< врати се назад