
ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ
Чувајте се од топлината.
Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место.
Освежувајте се често:
Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши вода дневно.
Често туширајте се, за да се oлади телото.
Заштитете се од топлина:
Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во периодот од денот кога е најтопло.
Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
Користете креми со заштитен УВ фактор.
Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 11 до 17 часот.
Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
