август 21, 2026

Работилница за ментално здравје

Во рамките на летната програма Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 21.08.2026година од 10:00 часот во Кино Маџари реализираше работилница за ментално здравје на тема “Самодоверба и позитивна слика за себе„ на која учествуваа 15 волонтери од Клубот на млади.

Работилницата ја водеше Стефанија Сердарска – магистер по советодавна психологија.

Сакаме да изразиме голема благодарност до учесниците за нивното присуство и успешно реализираната работилница.

Грижи се за своето ментално здравје!

< врати се назад