
ноември 18, 2026
Работилница за ментално здравје
На ден 18.11.2026 година Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје, реализираше работилница за ментално здравје на тема “Превенција од зависноти„ во рамки на одбележувањето на Ноември – Месец на борба против зависности.
На работилницата присуствуваа 18 ученици и волонтери од основните училишта на територија на која делува ООЦК Гази Баба и Клубот на млади при ООЦК Гази Баба.
Работилницата ја реализираше психологот Стефанија Сердарска.
Сакаме да изразиме благодарност до предавачот, како и до училиштето и учениците за нивната поддршка на хуманото работење.

