
јули 17, 2026
Работилница за ментално здравје
Во рамките на летната програма Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 15.07.2026година од 10:00 часот во Кино Маџари реализираше работилница за ментално здравје на тема “Менаџмент на стрес„ на која учествуваа 15 волонтери од Клубот на млади.
Работилницата ја водеше Стефанија Сердарска – магистер по советодавна психологија.
Сакаме да изразиме голема благодарност до учесниците за нивното присуство и успешно реализираната работилница.
Грижи се за своето ментално здравје!
Бидете во тек со следните активности од летната програма.

