ноември 4, 2026

Рециклираме заедно

Волонтерите од Клубот на млади активно се вклучени во активностите во рамки на програмата Зелен волонтеризам, преку која целта е да се подигне свеста кај младата популација за зачувувањето на животната средина, последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата и воздухот, како и глобалните климатски промени.

Во рамки на програмата, волонтерите спроведуваат акција за рециклирање на отпад во Клубот на млади, каде што по секоја реализирана активност, отпадот соодветно се рециклира.

Позелено денес, за подобро утре!

< врати се назад