
Што се случуваше за време на нашата Летна програма 2026?
Летната програма ја започнавме со отворен ден на кој ја промовиравме програмата и активностите кои ќе се реализираат во период од јуни – август. Преку игра и дисеминација заедно ја откривме приказната за Црвениот крст и Анри Динан.

Реализиравме крводарителска акција на која беа донирани вкупно 18 крвни единици.

Имавме волонтерска дружба заедно со екипите од училиштата ООУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ„Крсте Мисирков“ и ООУ„Григор Прличев“ кои учествуваа на Градскиот натпревар по прва помош.

Организиравме кино на отворено каде се проектираше филмот „Ratatoulle“.

30 волонтери од Клубот на млади беа дел од Летната младинска школа, која традиционално се реализира секое лето.

За време на летната програма посветивме внимание и на менталното здравје преку работилници за волонтерите од Клубот на млади.

Познавањето на првата помош е многу значајно, затоа за нашите волонтери организиравме обука по прва помош.

Организиравме собирна акција „Полн ранец среќа“ за собирање на училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства.

Организиравме и тим билдинг активности за подобрување на тимското работење и меѓусебно запознавање.

Драги наши волонтери, ви благодариме за секој вложен труд, секоја минута, насмевка и несебично дадена поддршка. Ви благодариме што бевте дел од нашата летна авантура.
