јули 15, 2026

Симулација на сообраќајна несреќа

На ден 18.04.2023г. (сабота) Црвен крст на

Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје во соработка со мото клубот Guardian Angels MC , реализираа симулација на сообраќајна несреќа на автомобил и мотоцикл при која три лица се здобиваат со повреди.

Симулацијата имаше цел да ги едуцира присутните членови на мото клубот и случајните минувачи за правилно укажување на прва помош на повредени, како и да ја поддигне свеста кај популацијата за безбедно возење и развивање на сообраќајна култура.

Настанот се одржа на булевар Александар Македонски во н.Автокоманда.

Благодарност до мото клубот Guardian Angels MC за соработката.

< врати се назад