
ноември 4, 2026
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 3. НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
По повод 50 години од основањето на општина Гази Баба, беше одржана свечена академија на 03.11.2026година во Културниот дом „11 Октомври.
На свечената академија му беше врачена јубилејна плакета на Секретарот на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје, г. Здравко Георгиевски за достигнувања во хуманитарната дејност.
Упатуваме благодарност до Општина Гази Баба за препознавање и вреднување на хуманото работење и поддршка која продолжува и во иднина.
Исто така, на нашиот долгогодишен соработник и партнер во хуманото рааботење Општина Гази Баба, им го честитаме јубилејот и им посакуваме уште многу успешни години и приказни.
