ноември 10, 2026

Светски ден на менталното здравје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје го одбележа Светскиот ден на менталното здравје преку работилница на тема “Мојот придонес е важен„ наменета за вработените во општинската организација.

На работилницата присуствуваа 4 вработени од ООЦК Гази Баба, а беше водена од Психолог, гешталт психотерапевт под супервизја, Елена Спасовска.

За време на работилницата се разговараше за значењето на менталното здравје и грижата за себе на работното место, поставувањето на граници и вреднување на сопствениот труд, дополнително од страна на предавачот беа реализирани практични вежби.

< врати се назад