
ЦКА-ПХВ 2026
ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредности) е програма која со години континуирано се имплементира во нашава земја од страна на Црвениот крст на град Скопје, кој е назначен за имплементатор од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Главната цел на ЦКА-ПХВ е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.
Оваа година ООЦК Гази Баба се приклучува на ЦКА-ПХВ циклусот со нови млади 30 идни волонтери од вкупно 6 училишта. Младинците добија тридневна обука од страна на овогодинешниот дисеминатор Сара Марковска каде беа запознаени со Историјатот на Црвениот крст, но и со ЦКА-ПХВ програмата и целиот циклус. Преку изработка на мали проекти со големо значење, младите ќе имаат можност да направат големи промени во заедницата наредните 2 месеци.
Да им посакаме среќа!

