јули 17, 2026

Успешно реализирана крводарителска акција во ООЦК Гази Баба

На ден 18.06.2026 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба- Скопје, се одржа крводарителска акција во рамки на Летната младинска програма, на која беа донирани вкупно 18 крвни единици.

Сакаме да изразиме голема благодарност до сите хумани граѓани, млади волонтери и поддржувачи кои денес беа дел од оваа крводарителска aкција. Исто така и голема благодарност до стручната екипа од Институтот за трансфузиона медицина за нивната професионалност и поддршка.

Дарувај крв, спаси живот!

< врати се назад