
Волонтер на месецот – јануари
Биди нечиј херој, волонтирај и ти..
Понекогаш еден момент менува сè. Лина Прокоповска ни сподели што за неа значи да се биде дел од семејството на Црвениот крст. Нејзината приказна е потсетник дека кога им даваме на другите, всушност најмногу си даваме на самите себе.
,,За мене, волонтирањето не е само помагање на другите, туку и начин да растам како личност.
Преку Црвениот крст имав можност да придонесам за заедницата и да почувствувам дека моите дела имаат значење.
Тука стекнав пријателства, научив тимска работа и сфатив колку е важно да бидеш човек пред сè.
Црвениот крст ми даде самодоверба, мотивација и чувство на припадност, и токму тоа ме инспирира да продолжам да волонтирам со уште поголема љубов и посветеност. ” – вели Лина Прокоповска
