
јули 17, 2026
Волонтерска дружба со екипите кои учестувуваа на градскиот натпревар по прва помош
На ден 19.06.2026година во просториите на ООЦК Гази Баба се одржа волонтерска дружба со екипите од основните училишта Наум Наумовски Борче, Крсте Мисирков и Григор Прличев кои учествуваа на градскиот натпревар по прва помош.
На средбата се дискутираше за постигнатите резултати и стекнатото искуство во областа на првата помош во изминатите 3 месеци, но и желбата на волонтерите да продолжат и да го надоградат своето знаење по прва помош.
