
октомври 28, 2026
Зелен волонтеризам
Во рамките на програмата „Зелен волонтеризам“, на ден 28.10.2026 година се реализираше еко-едукација во градинката ЈУДГ„Авионче“- Општина Петровец. Преку предавањето беа опфатени 75 деца од предучилишна возраст.
Еко-едукациите имаат за цел да ја поддигнат свеста кај младата популација за зачувување на животната средина.
Предавањето го реализираше еко- едукаторот Ана Марија Гиевска.
Голема благодарност до градинката и еко- едукаторот за нивната соработка.

